Јужноафриканката Зозибини Тунзи е крунисана за Мис Универзум 2019 година, на церемонијата во Атланта, САД.
Таа на вчерашната церемонија се истакнала во сите фази од натпреварувањето, од костими за капење до вечерни тоалети, но и објаснила зошто таа е вистинскиот избор, пренесува “CNN”.
“Пораснав во свет каде жената која изгледа како мене, со мојата кожа и мојата коса, никогаш не беше сметана за убава. Мислам дека е време тоа денес да престане. Сакам децата да ме гледаат и да го видат моето лице и сакам да ги видам нивните лица одразени во моето”, изјавила Тунзи на церемонијата.