Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ објави фотографија од плажа, па предизвика лавина од коментари (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа сезона победата на регионаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ ја однесе Џејла Рамовиќ која беше под менторство на Марија Шерофовиќ.

Имено, Џејла никогаш не се облекува провокативно, туку се облекува прилагодено на своите години.

Таа по победата во музичкото шоу имаше неколку настапи во регионот, а сега го искористи слободно време за да ужива и да ги полни батериите.

Џејла на „Инстаграм“ објави фотографија на која е облечена во едноставен бел фустан, па предизвика лавина од коментари.

„Најубава си“, „Наша принцеза“, „Наша Џенифер Лопез“ се само некои од коментарите под објавата.

Мора да признеме дека младата пејачка изгледа неверојатно, а нејзиниот шарм и харизма може да се примети дури и само од една фотографија, па не е ни чудо што за толку кратко време ги освои симпатиите на сите од регионот и за прв пат по 14 години успеа како девојка да победи во популарното шоу.