Победникот ќе мора да купи патики: Шерифовиќ и Поповиќ се обложија поради Тамара Тодевска

ИЗВОРСкопје24
|

Во последната емисија на „Ѕвезде Гранда специјал“ гости беа жирито на музичко шоу односно Ана Бекута, Босанац, Снежана Ѓуришиќ, Марија Шерифовиќ, Ѓорѓе Давид и Јелена Карлеуша, а недоставуваше само Вики Миљковиќ.

Тие како ментори на кандидатите ги коментираа нивните „ученици“ и зборуваа за музичкото шоу.

Меѓутоа, Саша Поповиќ откри детали и за финалето, па откри како ќе се гласа.

Имено, тој откри дека ќе се гласа како на Евровизија, односно не му било јасно како Тамара Тодевска која се наоѓала на прво место, по гласовите на публиката завршила на седмо место.

„Во финалето ќе се гласа така што пола поените ќе одат од жирито, пола од публиката. Ќе има 30 членови на жирито и секој член на жирито ќе дава поени, а во збир тоа би било 58 поени од жири. Исто ќе гласаме како на Евровизија“ објасни Поповиќ и додава:

„Ни јас не знаев како Евровизија доделува поени, одеднаш Тамара Тодевска која беше прва или втора по гласовите на жирито, се најде на осмо место. Јас мислам дека беше втора“ вели Поповиќ, а Јелена се надоврза и истакна дека беше прва и дека водеше цело време.

„Шведска имаше два поени повеќе“ изјави Поповиќ, а Марија го корегираше и истакна дека Тамара имаше повеќе поени.

Марија го предизвика Поповиќ повторно да се обложат дека Тамара беше на прво место, а на второ Шведска.

„Ајде да се обложиме во патики, едни патики изгубив. Јас велам дека Шведска имаше 2 поени повеќе од Македонија“ изјави Поповиќ кој ќе обложи со Шерифовиќ.

„За два поени, Македонија беше пред Шведска“ изјави Шерифовиќ.

За потсетување, Тамара го освои првото место по гласовите на жирито, а седмо место по гласовите на публиката.

Инаку, Шерифовиќ и Поповиќ претходно исто така се обложија дека Србија нема да влезе во финале на Евровизија, па Саша изгуби и ќе мора да и купи патики на Марија.