ПОБРЗАЈТЕ да ги платите заостанатите сметки без камата – Еве до кога е рокот

ИЗВОРСкопје24
|

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) дека имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година, граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад.

Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

И УЈП пред некое време ја објави последната Листа на должници бр.02/2019 за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се наоѓаат должници за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.2/2019 објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.2/2019 изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари (помалку за 43.237.747 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.225.692 денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).

Листата на должници бр.02/2019 можете да ја погледнете тука.