Проф. д-р Зоран Милутиновиќ (1950-2023), беше редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).
Афирмиран научник во областа на земјотресното инженерство, управувањето со катастрофи и стратешкото планирање. Зоран Милутиновиќ докторираше на Универзитетот во Кјото, Јапонија во 1986 година. Тој е автор и коавтор на најмалку 164 научни реферати, 382 научно стручни публикации и две книги.
Меѓу другото беше и дел од уредувачките одбори на неколку меѓународни списанија, пренесува „Порта3“, единственото стручно списание за градежништво, архитектура и екологија во Македонија.
Од 1992 година беше професор во ИЗИИС и визитинг професор на Универзитетите во Кобе (1994) и Кјото (2001), Јапонија и Универзитетот „УНИОН – Никола Тесла“, Факултет за градежен менаџмент, Белград, Србија (2008-2015).
Проф. Зоран Милутиновиќ беше проект менаџер на големи национални и меѓународни проекти, консултант и експерт на различни агенции на Обединетите нации и Советот на Европа.