Управата за хидрометеоролошки работи на својата интернет страница објави актуелно предупредување дека попладнево во делови на нашата земја ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и врнежи од град.
-Денес во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, соопштуваат од таму.
Веќе од среда под влијание на значително посвежа воздушна маса од север температурите ќе бележат тенденција на пад за околу десет степени а сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, исто така на повеќе места ќе има и нестабилна облачност проследена со врнежи и грмежи. Нова и обновена детална анализа околу ова следува понатаму.