Почина бебе во Грција откако три часа било затворено во автомобил

|

Пет и пол месечно девојче почина во грчкиот град Арта откако три часа поминало во затворен автомобил.

Како што пренесуваат грчките медиуми, таткото од засега непознати причини го заборавил петмесечното девојче на задното седиште. Кога по три часа го забележал отсуството на детето, отишол до автомобилот и го нашол онесвестено.

Бебето веднаш било префрлено во болницата во Арта каде била констатирана смрт.
Телото на бебето е пренесено на обдукција.