|
Трагедија се случи вчера на плажа во Валона, Албанија, каде починал турист од Србија. Како што јавува ABC News Albania, 54-годишен маж добил срцеви проблеми само што дошол во контакт со водата на морскиот брег.
Нему му била укажана итна медицинска помош од турист, крајбрежната стража, а потоа и екипа на итната помош.
Сепак, нивните напори биле залудни, па 54-годишникот починал.
Полицијата го презела овој случај и води истрага за утврдување на сите околности, јавува ABC News Albania.