|
Во близина на болницата „Систина“, на кејот на реката Вардар, пронајдено е тело на починато лице. Први сведоци биле случајни минувачи. Телото подолго време стоело покрај коритото на реката.
Причините за смртта не се познати, ниту пак, кога настанала. Ќе се утврдува и идентитетот на лицето.
Повикана беше полиција, која сега прави увид. Телото ќе биде дадено и на обдукција, а треба да биде повикан и јавен обвинител.