Бактерии, микроорганизми, па и атипично воспаление на белите дробови како што е легионерската болест се само некои од опасностите кои демнеат од клима-уредите.
Времето веќе е многу жешко, па затоа не е лошо да се направи редовно сервисирање на климите. Нередовното одржување на овие уреди може да биде тригер за развој на овие болести.
Наслаги нечистотии и маснотии се собираат на филтерот, кој откако ќе се извади од климата треба да се одмасти и да се дезинфицира. Денес постојат средства кои ги одмастуваат филтрите околу кои е направен круг од нечистотии поради повеќегодишно нечистање.
Освен клима-уредот, треба да се исчисти и провери со манометар дали има доволно плин во надворешната единица и да се исчисти кондензаторот.
Акко манометарот покаже дека има помалку плин, тоа значи дека уредот некаде пропушта и дека е потребно да се надополни.