Почна снимањето на новата сезона на Се или нешто (ФОТО)

|

Омилената македонска водителка, Лила Филиповска, на својот инстаграм профик објави фотографија од добро познатото студио во ТВ Сител каде се снима квиз шоуто Се или нешто.

Таа на фотографијата напиша дека веќе почнало снимањето на новата сезона, но официјално се уште нема датум кога истата ќе биде прикажана на тв екраните.

Верните фанови одвај очекуваат повторно да го гледаат омиленото шоу, а учесниците да земат пари. Сепак до тогаш на споменатата телевизија секој ден се прикажуваат репризно епизоди од изминатите сезони на квизот.