Подарокот на мајката на Роналдо ги засени сите

|

Семејната божиќна фотографија на Кристијано Роналдо веќе неколку дена е популарна на социјалните мрежи, но за подарокот на мајка му Долорес Авеиро не се зборувало толку.

Веќе со години е познат ставот на Долорес Авеиро, а станува збор за враќањето на синот во Португалија. Со оглед на тоа дека Авеиро живее во Португалија, таа во повеќе наврати нагласила дека би сакала нејзиниот син да се врати во земјата.

По тој повод Кристијано добил посебен подарок од мајката за Божиќ. Додека другите членови на семејството купиле накит и слични подароци, Роналдо од својата мајка добил подароци од фан продавницата на Спортинг Лисабон, клубот во кој играл на почетокот од кариерата и го направи првиот голем чекор кон статусо фудбалска легенда.

Нема дилема дека Долорес би сакала да го види синот како повторно игра во Спортинг, иако само што премина во Манчестер Јунајтед.

“Веќе му реков. Сине, додека сум жива би сакала повторно да те видам во Спортинг”, рекла Долорес.