Податоци од пописот: Во земјава има 1545 невработени магистри 100 доктори на науки

|

Во земјава има вкупно 109.249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе.Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.

Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1.545 невработени со магистратура 60 проценти се жени.Во земјава има и 100 невработени доктори на науки.

Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование.

Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени.

Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.