Подгответе се: Ни доаѓа поизразен топлотен бран

ИЗВОРСкопје24
|

Последните анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека и тоа како да спремате за плажирање во текот на новата недела која што ни претстои. Од југ кон нашата територија ќе продре уште потопла воздушна маса од оваа што ја имаме во моментов и истата ќе услови понатамошен значителен пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 30 степени додека во централните и во југоисточните предели особено од средината на неделата истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови, во попладневните и вечерните часови пак поради загреаната атмосфера исполнета со енергија ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за локална појава на град.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРМЕНО ВИСОКА вреднпост и ќе имакоефициент од 10 до 11 па поради ова доколку излегувате со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си понесете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце како и да се пие повеќе течности, старите и изнемоштени лица пак без потреба да не излегуваат од своите домови во најтоплиот период од денот поточно од 10 до 17 часот.

Подготвил: Славчо Попоски