Подгответе се: Викендов од Африка ни доаѓа врел воздушен бран

|

Викендов од северот на Африка ни доаѓа врела воздушна маса и температури над 35 степени насекаде на Балканот, прогнозираат синоптичарите. Според нив тоа ќе трае неколку дена и ова можеби ќе биде последен жежок бран летово.

Од УХМР пак велат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 30 степени.

Следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.