Во Грција мерките ќе бидат постепено укинати, меѓутоа, животот и однесувањето на грчките плажи ќе биде радикално поинаков од тоа на кој жителите и туристите се навикнати.
Се наведува дека важно е тоа што го правиме кога не сме во вода и тоа за грчките власти претставува најголема опасност, поради што сметаат дека е неопходно да се воведат одредени мерки.
Меѓу мерките кои властите ги разгледуваат се поединечно влегување на организирани плажи за да се избегне метеж, чистење на лежалки со посебни дезинфекциски средства по заминувањето на капачите, одржување на дистанца меѓу лежалките и чадорите, резервација на лежалки.
Исто така, плажите дефинитивно уште некое време ќе бидат празни бидејќи не се очекува сезоната да почне пред јуни.
Се очекува дека само туристите од одредени земји ќе може да влегуваат во земјата.