ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРВАТА ВИСТИНСКА ЗИМСКА НОЌ ЗА ОВАА СЕЗОНА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА

|

До крајот на денов врнежите насекаде ќе престанат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.

Потоа утре и во четврток ќе имаме стабилно и суво време. Односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Токму поради разведрувањето, наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе бидат НЕГАТИВНИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, а на планинските места истите ќе се спуштат дури и под -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопскиот регион, утре и во четврток времето ќе биде стабилно и суво, додека минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат до околу -5 степени. Локално не се исклучува можноста истите да се спуштат и под -5 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 10 степени.

Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините, како што најавивме се очекува во петок, како и за време на викендот.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека вечерва и во текот на претстојната ноќ, но и во четврток наутро се очекува ОСОБЕНО СТУДЕНО ВРЕМЕ, ве советуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си понесете и ТОПЛА облека. Токму овој студен бран од север ќе го донесе и првиот посериозен мраз за оваа сезона.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki