Дожд од метеори, еден вид на ѕвезден спектакл ќе биде видлив и оваа година. Ако сте меѓу вљубениците на ѕвезденото небо, ноќта меѓу 12 и 13 август најдете убаво, мирно и повисоко место од кое ќе уживате во „ѕвездениот порој“, кога ќе биде најинтензивен.
Погледот во небото, овој август може да го „измеша“ полната Месечина, која ќе се појави во истата ноќ, а најдобрите услови за набљудување на дождот на Персеидите ќе биде од 22 часот од изутрината.
Доколку сакате да ја следите оваа појава, дождот од метеори може да изгледа поинаку во зависност од времето на набљудување, односно на почеток околу 22 часот, ќе има помалку метеори, но тие ќе имаат подолги „опашки“.
Кога ќе го достигне својот максимум, дождот на Персеиди може да содржи од 50 до 100 метеори на час.
Дали месечината навистина може да влијае на човечкото однесување
Долго време се сметало дека месечевите мени имаат духовно и метафизичко значење за човештвото, па дури и денес се смета дека таа влијае врз нешта како нервозното однесување и несоницата. Но сега, со цел тоа да се докаже научно, тим истражувачи од Истражувачкиот институт на Источен Онтарио, ја анализирале рутината на спиење на 5812 деца за време на различните месечеви мени.
Спроведено во текот на 28 месеци, студијата открила дека има петминутна разлика помеѓу просечната должина на сон за време на полна месечина во споредба со таа за време на млада месечина.
„Нашата студија обезбедува цврсти докази дека месечината сепак не влијае многу врз човечкото ондесување“, вели д-р Жан Филип Шапо. „Единствената промена се состои во изменување на сонот за 1 отсто за време на полна месечина. Општо земено, мислам дека не би требало да се грижиме многу за полната месечина. Нашето однесување е во голема мера повлијаено од многу други значајни чинители, како гените, образованието, примањата и психососцијалнте гледни точки, многу повеќе од гравитационите сили.“