Летото веќе доаѓа, а со него и високите температури а и период кога сите уживаме на одмор, на плажа и сонце… сепак тоа носи и бројни непријатности кои можат да настанат за време на сончањето, или едноставно пешачењето на сонце.
Изгорениците од сонце поради невнимание се навистина болни и лоши, но има решение и тоа се крие дома, наместо во скапи препарати.
Се што треба да направите е да изрендате краставица, па да го исцедите сокот кој ќе го пушти. Со него мачкајте ја кожата три пати дневно и изгорениците веднаш ќе ги снема.
Ако се изгорите додека готвите – Ставете го ова на раката и болката ќе ја снема
На сите ни се случува некогаш да се изгориме во кујната, а има начин веднаш да си помогнете.
Изгорениот дел ставете го веднаш во ладна вода, па премачкајте го со белка. Кога белката ќе се исуши, не ја вадете од кожата. Пак премачкајте. Така правете додека не ви олесни.