|
Крцкави однадвор, меки однатре – овие солени погачици се совршени за дневна или викенд закуска.
Состојки:
– 1/2кг. брашно – 150гр. путер – 2дл. млеко – 2 лажици кисела павлака – 1 жолчка од јајце – 1 прашок за пециво – 1 лажичка сол – ким.
Подготовка:
Измешајте го прашокот за пециво со брашното и додадете ги млекото, растопениот путер и павлаката. Замесете ја кората, расукајте ја и со чаша или модла вадете ги погачиците.
Наредете ги во подмачкана тава, премачкајте ги со жолчките од јајцето, па посипете ги со ким.
Печете 20 минути на 200 степени.
На здравје!