Поглед во луксузната вила на Шекил О’ Нил

|

Поранешната НБА ѕвезда Шекил О’ Нил ја продава неговата луксузна вила во Лос Анџелес, за 2,5 милиони долари. Станува збор за луксузен имот за кој пред две години одвои 1,8 милиони долари.

Легендарниот кошаркар, кој важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, го продава имотот за 2,5 милиони долари. Куќата е модерно опремена, особено работната соба со вградени големи екрани.


Вилата се состои од пет спални соби и четири бањи, а се простира на 5.217 квадрати. Има винска визба, базен, спа центар, двор за забава со вградена скара и трпезариска тераса, како и вграден камин со камени клупи.


Ова е трета недвижнина која О’ Нил ја купи. Главната резиденција му е на Флорида.