Албанија во последниве неколку години се обидува да се приближи кон светските познати летувалишта. Преубавото чисто море и уште поубавите плажи им олеснуваат на туристите да се одлучат да летуваат токму во Албанија.
Издвојуваме неколку места кои може да се посетат доколку одлучите да летувате во Албанија.
Дримадес е можеби најубавата плажа во Албанија. Малиот залив во близина на селото Дерми. Карпите на оваа плажа го разделуваат делот од камчињата од делот со песокот. Дури ни во сезоната нема премногу гужва и оваа плажа е идеална за целодневно уживање.
Дерми е едно од најпознатите летувалишта во Албанија. Плажата е една од најдолгите па дури и кога има гужва секогаш се наоѓа место за уште некој пешкир за на плажа кој може да се постави на преубавите камчиња.
Плажата Ливади во местото Химара опкружена е со маслинки и тиркизно море. Оваа плажа е најпозната по чистата вода на морето. На плажата има и ресторани и кафулиња што го олеснува целодневниот престој таму.
Најдолгата плажа на Јонското море е Борш. Песочната плажа се простира на седум километри на речиси недопрено крајбрежје. Опкружена е со маслинови дрвја и планина. Наспроти нејзината убавина, Борш никогаш не е преполна со туристи иако до неа може да стигнете со автомобил па дури и со такси од Химара или Саранда.
Гјипе е сокриена позади брдо па затоа оваа плажа е совршена за сите оние кои сакаат мир и кои сакаат да уживаат во шумот на брановите. Од најблискиот пат потребно е да пешачите околу половина час, но кога ќе застанете на песокот и кога ќе го видите водното пространство ќе сфатите дека секој чекор ви се исплаќа.