Погледнете ја луксузната вила со базен, фудбалски и кошаркарски терен каде живее најстарата ќерка на Шабан Шаулиќ (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Постарата ќерка на кралот на народна музика Шабан Шаулиќ, Санела Шаулиќ, живее со сопругот Зоран Бата Мирковиќ во луксузна вила на Авала.

Куќата каде живеат Санела и Зоран припаѓаше на белградскиот бизнисмен Миленко Мандиќ Манди кој на 15-ти јануари 2000 година го загуби животот во хотелот „Интерконтинентал“ со Жељко Ражнатовиќ Аркан и Драган Гариќ.

Бата имотот од  Манде го купил од неговиот син Александар Мандиќ, а луксузната вила и денес важи за една од најубавите во Србија.

Имотот се простира на 60 ари, а поседува и луксузен базен со масажери.

Вилата има фудбалски, но и кошаркарски терен, а ја проектирал архитект од Њујорк, кој за проектот добил 100 илјади тогашни марки.

Александар во една прилика за српските медиуми откри дека вилата му ја продал на Бата.

-Татко ми остави пет локали, осум станови и семејната вила на Авала која ја продадов на фудбалерот бата Мирковиќ. Се потрошив, гледав на тоа како на одвратни пари – кажа манда своевремено.

Извор: Вистина.мк