Погледнете како изгледа денес куќата од филмот „Сам дома“ – домот на малиот Кевин е вистинска магија

|

Кога во 2011-та година беше ставена на оглас за продажба, почетната цена била 2.4 милиони долари.

Семејната комедија „Сам дома“ е ултиматен празничен филм кој многу гледачи го знаат на памет уште од кога биле деца.

Но, кога со очи на возрасен човек ќе го погледнат филмот за паметниоти снаодлив Кевин Мекалистер, неизбежно им се појавуваат некои нови прашања како она ‘што правел таткото на Кевин кога можел да си дозволи ваква убава куќа?’.

Овој прекрасен дом во филмот се наоѓа во Чикаго, но всушност е сместен во преградието Винекта.

Откако куќата станала познато поради филмот од 1990-та година, истата е реновирана и прилагодена на стандардите на 21-от век.

Има пет спални соби и три тоалети. На Кевин омилена му беше спалната соба на неговите родители, а не е ни чудно тоа бидејќи е огромна.

Куќата се простира на речиси 400 метри квадратни, а се наоѓа на добра локација во близина на езерото Мичиген.

Изградена е во текот на 1920-та година во колонијален, џорџијански стил со фасада од цигли.

„Ни беше потребна доволно голема куќа во која ќе може да се изведува сето она кое го гедавме во филмот, да ги привлекува луѓето и да ги магепса со топлината. Тоа е вид куќа во која кога сте мали би сакале да останете сами. Сакав да изгледа магично“ – рекол режисерот на филмот Крис Колумбус.