Пејачот Жељко Јоксимовиќ кој е омилен на женската публика, во брак е со водителката Јована Јоксимовиќ. Тој со Јована има три деца, близначките Срна и Ана, како и синот Коста.
Меѓутоа Жељко има уште една поголема ќерка Мина, која ја добил во брачна заедница со неговата поранешна сопруга, која е вистинска убавица и покрај тоа што е постара од Јована.
Мина од својот татко го наследила талентот за музика, а според фотографиите кои ги споделува со нејзината мајка на социјалните мрежи, од нејзе дефинитивно ја има наследено убавината.
https://www.instagram.com/p/Bm8qPmuBPxz/?utm_source=ig_embed
Погледнете како изгледал Жељко на својата прва венчавка во 1995 година:
Првата жена на Жељко се вика Весна и воопшто не сака медиумски да се експонира, па затоа и Мина не објавува баш често фотографии со мајка си.
Но и на тие неколку што ги видовме, може да се забележи дека е Мина пресликана на својата Мајка.
Најстарата ќерка на Жељко има успешна кариера и се пробива на странскиот пазар.