Погледнете како изгледаше Сенидах пред 21 година без ниту една пластична корекција (ФОТО)

|

Пејачката Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, на Инстаграм објави фотографија од тинејџерските денови кога имала 16 години и со сите сподели како изгледала пред пластичните корекции.

Инаку, се зборува дека Сенидах работела на себе и од порано се променила многу.

Сенидах е сликана во црно бикини, со пирс на папокот. Целосно без шминка, таа седи на плажа и ужива во сонцето.

Да потсетиме, Сенидах е родена 1985 година во Љубљана. Нејзините родители се од Црна Гора, па во една прилика зборуваше за своето семејство.

– Во мене има измешан црногорски и словенечки сензибилитет. Иако сум роден во Љубљана, голем период од моето детство поминав во Црна Гора и тоа многу ми значеше. Црногорската страна во мене е опуштена, социјална, спонтана, додека словенечката е поработна, организирана и поделовна – изјави претходно пејачката.