Погледнете на каков начин Двејн Џонсон го прославува успехот на филмот со својата ќерка

ИЗВОРnovlist.mk
|

Актерот Двејн Џонсон на својот Инстаграм профил објави фотографија на кој начин тој го прославува успехот на филмот во кината.

„Барем моето ‘диносауруско’ стапало е испочитувано. Ѝ рековме на Џези дека филмот на тато е голем хит и таа почна да вреска дека тоа треба да се прослави. Се согласив на тоа, не знаејќи што ме чека. Колачи? Торта? Сладолед? Ми рече само да седнам на подот и ме потсети дека понекогаш прославувањето значи и целосно да бидеш избламиран. Но, јас би дал сè за да ја видам неа среќна“, напишал Џонсон.

https://www.instagram.com/p/B6KBf8VFMgK/

Оваа фотографија за кратко време собрала речиси 2 милиони лајкови, а актерот уште еднаш нè потсети дека е прекрасен татко.