Погледнете со која метода русите го подобруваат својот имунитет

ИЗВОРnovlist.mk
|

Веќе е време кога имунитето полека опаѓа, настинките и вирусите се на секое ќоше, а кој знае подобро да го подигне имунитетот од Русите?

Популарниот руски кинезиотерапевт, проф. д-р Сергеј Бубновскиј препорачува една едноставна метода за која гарантира дека делува, а еве за што станува збор.

Методата е многу едноставна иако не звучи примамливо – станува збор за ладен туш. Поточно, тапкање со нозете во ладна вода. Ладната вода и ладниот туш имаат долга традиција во многу култури, а особено во Русија и тоа со добра причина – даваат голема здравствена корист.
Секоја вечер кога ќе се вратите дома по напорен ден, во кадата ставете поголем сад со целосно ладна вода. Никако немојте да додавате топла вода во неа и потоа обидете се да направите 48, брзи, кратки тапкања во неа. Потоа излезете од кадата и избришете ги нозете со пешкир па облечете волнени чорапи. Правете го тоа секоја вечер и во голема мера ќе го зајакнете вашиот имунитет“ – советува докторот Бубновскиј.

Ладната вода лечи настинка
„Во времето на Советскиот Сојуз државна задача била советските деца дека треба да бидат најздрави на светот. Затоа тогаш се појавило училиште и правец кои обработувале методи кои би помогнале да се оствари таа задача. Мојата мајка, која завршила медицинско училиште пред 60 години пренесуваше дека никогаш не треба да ја затоплувате собата во која детето спие и во кое се капи. Да кажеме дека мене мајка ми ме капеше во соба која никогаш не ја надминуваше температурата од 18 степени целзиусови. Од мојата трета година одев на базен иако надвор температурата беше -30 степени“ – вели докторката Гушло Петриќ.
Кажете му “да“ на ладниот туш наутро.
Дека ладниот туш не е само активност за ексцентричните руски авантуристи покажуваат и модерните истражувања кои нагласуваат дека имаат здравствена корист. Едно холандско истражување покажало дека наутро треба да практикувате ладен туш бидејќи така помалку ќе се разболувате.