Погледнете зошто сите викаат дека Балос е најдобрата плажа во Грција

ИЗВОРСкопје24
|

Не е лесно да се избере локација, бидејќи, кога е во прашање оваа медитеранска земја, таа нуди вистинско богатство – тешко е речиси исто колку што му е на едно дете да одбере благо додека стои пред цел рафт со благи работи во маркет.

Сместена во лагуната Балос, во областа на Чанија, плажата до пред 20-на години била непозната за пошироката јавност, па таму оделе само добрите познавачи на најголемите грчки острови, како и жителите.

Авантуристите и модерните робинзони ќе речат дека се разочарани поради тоа што оваа некогаш неистражена локација, денес е многу подостапна – добро е познато дека до плажата, освен пеш – доколку сте сместени во непосредна близина во објаста на Чанија, можете да одите со кола или мотор, кој на овој остров е посебно популарно превозно средство.

Покриена е со најубавиот песок, со неверојатна златна боја, а на нејзиниот јужен дел, кристално чиста, свежа морска вода го формира езерото.