Поховано месо без масло – ова е тајната за крцкаво пилешко од рерна

|

Многу е едноставно! Пилешкото подгответе го за поховање, како што обично тоа го правите.

Така подготвените парчиња пилешко ставете ги на хартија за печење и печете ги во рерна околу половина час (во зависност од големината на парчињата) на околу 200 степени. По 15 минути свртете го пилешкото на другата страна за да порумени рамномерно.

Ако подготвувате поховани батаци или карабатаци, тогаш печете ги на послаба температура подолго време, за месото да се испече добро и околу коските.

Пократко се печат тенките пилешки шницли (околу 20 минути).