Овој рецепт за мафини од јајца и сланина брзо ќе ви стане еден од најомилените појадоци кои ќе ги правите речиси секој викенд.
СОСТОЈКИ: Пекабеско сланина на тенки парчиња јајца НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Калапите за мафини обложете со парчиња сланина. Во внатрешноста на секој калап ставете по едно јајце. Печете во загреана рерна на 200 степени меѓу 8 и 10 минути. Сервирајте по вкус. На здравје!
Домашен бурек за појадок кој брзо се приготвува, повкусен од бурекџилница!
Нема човек на Балканов којшто не ужива во тазе подготвен бурек. Може да се јаде во било кој дел од денот и подеднакво ќе ни биде вкусен. Не за џабе се рекло – Ако не си пробал бурек, не си бил во Македонија.
Доколку и вие сте едни од тие кои не можат да му одолеат на бурекот, ви претставуваме одличен рецепт за прекрасен домашен бурек кој лесно и брзо се подготвува а е повкусен дури и од оној во бурекџилниците!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови тенки кори, 150 мл вода, 50 мл масло, сол по вкус и 500 г сирење.
ПОСТАПКА: Водата, маслото и солта ставете на оган да зоврие.
Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите ќе висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода. Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.
Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја прелијте ја. Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора. Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го.
Знам дека се признава само бурек со месо, а сето останато со сирење дека е пита или баница, па вие наречете го како сакате. Пријатно јадење!