Појаснување на Делумната забрана за движење во шумите

|

После вчерашната официјална забрана за движење во шума денес следува појаснивање кое го објави лично директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој во неговиот Фејсбук статус вели:

СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОДНО, ШАР ПЛАНИНА, ПЕЛИСТЕР, ГАЛИЧИЦА, МАВРОВО

(Појаснување на Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште на ЈП Национални шуми)

Оваа делумна забрана се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми.

Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.

ДЕЛУМНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА:

– Парк шумата Водно

– Националните паркови Маврово, Галичица, Пелистер и Шар Планина.