Сите знаат дека породувањето е прилично болно искуство за жената, но понекогаш е лесно е да се заборави колку е тешко. Пејачката Стефани Кристиан одлучила да ги потсети луѓето низ што поминуваат мајките, па на Фејсбук споделила фотографија на која се гледа колку се големи тие 10 центиметри колку што треба да се прошири матката за да може да излезе бебето.
На фотографијата гледаме даска на која се прикажани кругови означени со центиметри и кои совршено ни ја прикажуват големината до која грлото мора да се отвори во текот на породувањето.
“Вака изгледаат тие 10 центиметри. Поради ова заслужуваме многу повеќе”, напишала Стефани.
Во коментарите се јавиле бројни жени кои потврдиле дека тоа навистина е така, но и мажите ги далe своите коментари.
This is what 10cm of dilation looks like. This is why we deserve all the things.
Gepostet von Steffanie Christi'an am Dienstag, 9. April 2019
“О, Боже! Ти можеш да добиеш сè и да не поминуваш низ ова”, ѝ напишал еден маж на својата сопруга и заработил бројни лајкови.
По породувањето на сите жени им се советува да мируваат најмалку 4 до 6 недели за целосно да закрепнат. Експертите пак сметаат дека на жените можеби им треба дури и една година за истото. Зошто токму тој период е важен за мајките?
Оние 40 дена во кои мајката и бебето ги преседуваат дома меѓу народот различно се протолкувани, некои не излегуваат од дома тие денови, други пак се поактивни. Тоа укажува дека дури и во минатото луѓето биле свесни дека на човечкото тело му треба време да закрепне по породувањето, а на бебето му е потребно да се адаптира на животот надвор од матката.