Пола Скопје го напушта карантинот: Речиси километарски колони возила за излез од главниот град (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Откако вчера експресно Владата потврди дека од денеска во Скопје во 21 часот стартува 80 часовниот карантин кој ќе трае до понеделник до 5 часот наутро речиси граѓаните не се двоумеа многу, веднаш заминаа надвор од него.

Споениот викенд е добредојден за речиси сите граѓани кои имаат викендици надвор од главниот град, особено во местата каде рестриктивните мерки и карантинот не важат во целост.

Фотографиите до кои дојде редакцијата на КУРИР јасно покажуваат дека граѓаните сепак овој продолжен викенд нема да останат дома.

Иста слика може да се види и на наплатната рампа кај Глумово, а автопатот Скопје-Тетово, колони со возила го напуштаат Скопје, а поголемиот дел од нив според граѓаните одат накај Охрид и охридско.