Полицаец играше во „Се или нешто“, па ја стави Лила во незгодна ситуација за еден нејзин прекршок

ИЗВОРСкопје24
|

Во последната и најнова емисија на квизот „Се или нешто“ наспроти Лила и во битка со банкарот, беше младо 26 годишно момче кое по професија е сообраќаен полицаец кој работи во Скопје.

Среќата не го послужи, бидејќи уште на почетокот ги отвори кутиите со највисоките суми, па возбудата спласна бидејќи очекувано бакарот имаше ниски понуди. Играта не беше сјајна, но затоа интересен беше моментот кога Лила го праша младиот полицаец дали се знаат од некое друго место, зашто и изгледа познат.

Тој и одговори потврдно, а со тоа и откри како се „запознале“, односно имале непријатна средба.

Имено, тој и откри дека бил полициаецот што заедно со пајак службата и ја кренале колата за непрописно паркирање во скопско „Дебар маало“.

Лила беше изненадена што се случи за прекршокот да се дознае јавно, но се пошегува со него и го праша дали платила, а тој и возврати дека од нив немало бегање.

Си призна дека тоа ја снашло, но дека едноставно и се пиело кафе, а немала каде да паркира.

Вистина.мк