Полицаецот Реџепи го спаси 64-годишниот скопјанец од Вардар

ИЗВОРТелма
|

Полицаецот Фљамур Реџепи од Сарај е спасувачот на 64-годишен скопјанец. Тој вчера од вливот на Лепенец во Вардар успеа да го извлече давеникот од студените речни води.

Полицаецот Реџепи бил дел од патрола која била во близина кога скопјанецот паднал во реката и веднаш по првите апели за помош скокнал во Вардар за да го спаси. Откако полицајците го спасиле, префрлен е со Итна помош.

МВР вчера соопшти како се одвивала спасувачката акција.

-На 05.02.2022 во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош. Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“.