Полицијата ги спречи „Македонија Блокира“, со протест денеска да го блокираат патот Кичево-Охрид

ИЗВОРТелма
|
„Македонија Блокира“ предводена од Јанко Бачев денеска се обиде да го блокира магистралниот пат Кичево – Охрид кај месноста Другово во Кичево.
На маршот учествувааа околу 15 до 20 лица, кои носеа руски знамиња и жолти елеци. Полицијата не дозволи блокирање на патот, туку им овозможи да маршираат по магистралата од Другово до Кичево, но при тоа собраќајот не беше целосно блокиран.
Протесниот марш се одвива со полициско обезбедување, без видливи проблеми.

Блокадата, како што посочуваат од „Македонија Блокира“ во соопштение до медиумите, е рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.