Полицијата казнила возач со 100 евра, бидејќи на регистерската табличка не се читала кратенката МК

ИЗВОРСкопје24
|

Битолчанец треба да плати глоба од 100 евра, бидејќи сообраќајната полиција утврдила дека регистерската табличка на неговиот автомобил, не е доволно читлива, односно е избледена.

Од фотографијата која возачот ја објави на социјалните мрежи може да се забележи дека избледена е само кратенката МК, а остатокот од регистрацијата е читлив.

Возачот бил запрен и казнет кај граничниот премин „Меџитлија“ со Република Грција.

Останатите возачи коментираат дека е небулозно да се казнува за избледената кратенка, која треба да се менува, односно на новите таблици наместо МК ќе пишува НМК. Други возачи пак велат дека има граѓани кои намерно ја бришат кратенката МК за да влезат во Грција.

Како и да е, соoбраќаецот се повикал на член 37 од Законот за возила.

Казна од 300 евра ако ве затекнат со ова на вашето возило

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Со цел почитување на законските одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата посебно на членот 360 од овој закон, СВР Охрид започна со реализација на акциски контроли со цел елиминирање на ваквите состојби кои можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

Со оглед дека на стаклата на возилата несмеат да се поставуваат огледални фолии, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност во сообраќајот, ќе постави подвижни мото-патролни служби составени од полициски службеници и стручно лице од станиците за технички преглед опремен со техничкото средество тинт-метар за мерење на пропустливоста на светлина, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.