НЕВЕРОЈАТНО: Полицијата на радар улови возач со брзина од 696 километри на час

ИЗВОРСкопје24
|

На белгиски државјанин на домашна адреса му стигнала неверојатна казна.

Тамошната полиција го товари дека со своето возило „опел астра“ буквално го „прелетал“ поставениот полициски радар со неверојатна брзина од 696 km/h! Toa e најголемата брзина некогаш измерена со полициски радар.

Инаку, во Белгија се толерира брзина која е од шест отсто повисока од ограничената, но оваа од 654,24 km/h e вртоглаво повисока на таа делница.

Возачот поднел жалба во која навел дека се работи за систематска грешка, затоа што неговата „астра“ не може да развие брзина поголема од 180 km/h.