Полицијата во Лос Анџелес ја „фатила“ Емили Замарка како среде метро ја пее познатата „O Mio Babbino Caro“.
Како што пренесуваат странските медиуми, бездомничката на почетокот не била воодушевена од тоа што полицаецот сакал да ја сними, плашејќи се за својата иднина.
Воодушевувањето од уредната бездомничка со ангелски глас брзо се проширило. Исто така, имало и такви кои освен песна, од неа сакале да слушнат како завршила на улица.
Па така, Емили за „Los Angeles Times“ открила дека од Русија се преселила во Америка кога имала 24 години, дека учела да свири на виолина и пијано, како и дека пее имитирајќи ги оперските ѕвезди од телевизија.
Од друга страна, многумина ѝ понудиле помош и се организирале за собирање разни средства.
4 million people call LA home. 4 million stories. 4 million voices…sometimes you just have to stop and listen to one, to hear something beautiful. pic.twitter.com/VzlmA0c6jX
— LAPD HQ (@LAPDHQ) September 27, 2019