Полицијата приведе две лица од Сингелиќ – им пронајде фалсификувани пари

|

Полицијата вчера во селото Отља, липковско приведе две лица кај кои се пронајдени фалсификувани пари во вредност од 450 евра.

На 03.07.2023 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско, ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари – соопштија од МВР.

Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.