|
На 22.09.2022 во 09.45 часот во Полициското одделение Петровец, С.Р.(24) од с.Огњанци, скопско, пријавил дека од дома се оддалечила неговата малолетна сестра А.Р.(17).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.
На 22.09.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, М.М.(33) од Скопје пријавил дека пред влез од угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, каде е вработен, бил физички нап аднат од Д.Л.(40) од Скопје, исто така, вработен во објектот.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.