|
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Изречени се 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за непрописно престигнување и обиколување, пет за користење мобилен телефон, 38 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.