Полицијата залудно (или не) реагира, петарди се продаваат на секој чекор

ИЗВОРТелма
|

(17:02 ТЕТОВО) Полициските контроли и акции за сузбивање на неовластена продажба на пиротехника, ја намали масовната употреба на петарди во тетовско пред новогодишните празници. На плоштадот осамнаа празни тезги, но сепак се уште слободно се продаваат и употребуваат ваквите опасни средства за забава. Од Секторот за внатрешни работи Тетово, велат дека деновиве запленуваат по неколку илјади петарди, а засилени акции ќе продолжат и во наредниот период.
Деновиве полицијата во соработка со црвениот крст спроведуваа превентивно- едукативни активности, за намалување на употребата на пиротехниката
Од раководствата на училиштата, велат дека ако е потребно ќе преземат и педагошки мерки кон децата, ако забележат дека користат петарди кои според досегашното искуство остават големи здравствени последици.
Досега на тетовско подрачје се запленети над 10.000 петарди и различен друг вид пиротехника, за чија неовласена продажба во поголеми колични се одговара и кривично со казна затвор.

Зоран Димовски