Полицискиот час ќе почне од сабота од 19 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро. Ова ќе биде препораката на Комисијата за заразни болести до Владата. Комисијата заседаваше денеска и како што дознава порталот Фактор.мк неофицијално, овој предлогот е поради престојниот продолжен викенд и празникот Рамазан Бајрам. Понеделник е неработен ден за сите граѓани.
Кафулињата ќе се отворат во вторник, следната недела, односно на 26 мај. Нема детали до колку ќе биде полицискиот час од тој ден.
Овој предлог треба да го усвои и Владата. А дали ќе го усвои или ќе даде нови насоки, ќе се знае денеска или најдоцна утре.