Полициски хеликоптер Бел го гасне тетовскиот пожар со водни удари од воздух

|

Во гаснење на пожарот во Тетово (има и повредени) во склад за пластични материјали и стиропор учествуваа и припадници на хеликоптерската единица на МВР.

Пилотите со водени „бомби“ од воздух го „напаѓаа“ катастрофалниот пожар кој над Тетово предизвика огромен чаден облак и мрак.

Полицискиот хеликоптер Agusta Bell 212 и претходно е користен за гаснење пожари, а за денешната операција во Тетово балонот прикачен на леталото е полнет со вода од приватен базен во градот под Шара.

По воздушната интервенција, пожарникарските екипи од земја се обидуваат целосно да го локализираат и ограничат пожарот за да пристапат до негово целосно гаснење.