Полна месечина ќе се појави на небото денес: Најголемо влијание ќе има на овие 4 хороскопски знаци

ИЗВОРНов Лист
|

Полната Месечина ќе се појави на небото на 26 мај, а ќе биде во знакот на Стрелец. Воедно ќе има и помрачување на Месечината, а еве што може да очекуваме.

Да ги заборавиме работите кои нè блокираат и на тој начин да создадеме проточна енергија и да го исчистиме нашето тело и душа. Промените ќе се случуваат на различни нивоа, тензиите ќе бидат големи, а ние ќе се чувствуваме несигурно и збунето.

Знаци кои најмногу ќе ја почувствуваат полната Месечина:

Стрелец

Ова помрачување ќе се случи во вашето поле на партнерските односи, па би било добро малку да се воздржите од емоциите, да не избрзувате во конфликтите. Сега ќе бидете многу чувствителни и малку несигурни во себе, па од страв може да имате бурни реакции со кои би го исплашиле партнерот.

Девица

Многу настани ќе ви се случат на полето на кариерата, па можни се и разни промени. Промените секако дека ќе бидат на подобро, зголемување на заработката и расправии, но и закани од надредените. Меркур е во „ретро“ од, па не треба да ги сфаќате здраво за готово информациите кои стигнуваат до вас.

Близнаци

Ќе ви биде активна куќата на односот и вашиот јавен живот. Никако не седете на две столици, мислите и емоциите нека ви бидат прецизни и избегнувајте односи од било кој вид.

Риби

Не влегувајте во кавги со семејството. Што се однесува до работата имате две опции – или напредување во кариерата и поголема плата или започнување на личен бизнис.