Полот и родот се биологија, а не идеологија, порачаа од маршот на „Сојуз за живот“

ИЗВОРСкопје24
|

Граѓанско-верската платформа „Сојуз за живот“, составена од 19 граѓански здруженија и неформални групи, со марш од црквата „Св. Богородица“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје ѝ парираше на првата „Парада на гордоста“ во Македонија.

„Загрижени поради обидите за редефинирање на бракот и семејството со агресивна прпаганда и идеологија, наша одговорност пред Бог, совеста и светоста на животот, е да ги сведочиме и браниме трајните морални вредности на човештвото и општеството: бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, семејството, верата, нацијата и државата. Во духот на овие трајни морални вредности бараме воспитување и образование на нашите деца и следните поколенија“, се вели во декларацијата прочитана на крајот од маршот на кој присуствуваа претставници на Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), на Католичката црква, на Евангелистичката црква итн.

„Бог, брак, семејство, смисла“, „Само животот има иднина“, „Полот и родот се биологија, а не идеологија“, „Пропаганда стоп, вистина напред. Да живее народот“, „Полот и родот не се избор“, „Традиционалното семејство е секогаш во мода“, „Преку здраво семејство до здраво општество“, „Мајка и татко – темелен покрив“ беа дел од пораките од транспарентите во рацете на учесниците.

Извор: express.mk