Половина Скопје денеска без струја

ИЗВОРСкопје24
|

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во град Скопје поради што без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Чучер Сандево и Карпош.

Од 8 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Усје, дел од булеварот Борис Трајковски, подулица 32 и околните улици (општина Кисела Вода), од 8 до 16 часот корисниците улицата Гаврил Радомир (општина Аеродром), во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Карадак Маало, улиците со броевите 512, 513, 514, 515, 516, 517, 518, 519 и 520 (општина Гази Баба).

Од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од селата Мирковци, Бањани, Горњани, Караула Рамно, Чучер Сандево. „Хидроинвест“ (општина Чучер Сандево) и во периодот од 9 до 15 часот корисниците од улицата Ѓуро Салај и улицата Даутица (општина Ѓорче Петров), како и дел од улицата Иван Цанкар и улицата Вангел Дину (општина Карпош).

Минатата година искористено поголемо количество вода

Статистичките податоци што ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека лани е искористено поголемо количество вода во споредба со истиот период во 2017 година.

Според објавените податоци, за потребите на снабдување со вода, лани биле зафатени и преземени 305. 430 м3 вода, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период во 2017 година. Од вкупното зафатено количество вода, 11,9 процент се од подземните води, 67,9 проценти од изворските води, 11 проценти од водотеци, 8,2 проценти од акумулации и 1,1 проценти од езера. Вкупното количество преземена вода од други водоводни системи е за 8,3 проценти поголемо во однос на претходната година.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод лани било за 20,2 проценти повисоко во однос на претходната година, а најголеми потрошувачи биле домаќинствата кои потрошиле 50,5 проценти од вкупно испорачаната вода. Јавниот водовод имал загуби на вода поголеми за 0,1 проценти во споредба со референтната вредност во 2017 година.

За 2,6 проценти било помало вкупното количество отпадни води во 2018 година во споредба со 2017 година.

Вкупното количество непречистени отпадни води се намалило за 10,6 проценти во однос на претходната година, а вкупното количество пречистени отпадни води било за 32,2 проценти повисоко во однос на 2017 година. Најмногу отпадни води биле испуштени во водотеците.