И по два дена сѐ уште нема ниту трага, ниту глас од 10-годишниот Петар, кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско, Мариово.
Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време ја отежнуваат потрагата.
Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хеликоптер на МВР.
На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите 3 деца од Прилеп каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира, а кога исчезнал бил во лесна облека.
Извор: Слободен печат.